Обезбедени 5,5 милиони евра за развоj на селата

Bez autora
Jul 16 2012

Владата ќе исплати 5,5 милиони евра за поддршка и развој на селата, за купување земјоделска механизација и за чистење канали. Toj појасни дека ќе бидат исплатени 2 милиона евра за поддршка на македонските села, односно ќе бидат реализирани 45 конкретни проекти во 37 општини. Парите ќе се искористат за изградба на селски патишта не подолги од 1 километар, за селски мостови, пристапни патишта до нивите и пристап до земјоделско земјиште, како и за урбанизација на централните делови на селата. Опфатени се сите општини од целата држава, без разлика на составот на населението или на политичката припадност на градоначалникот. Со три милиони евра земјоделците ќе бидат поддржани при купување механизација.

Обезбедени 5,5 милиони евра за развоj на селатаВладата ќе исплати 5,5 милиони евра за поддршка и развој на селата, за купување земјоделска механизација и за чистење канали, соопшти на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Toj појасни дека ќе бидат исплатени 2 милиона евра за поддршка на македонските села, односно ќе бидат реализирани 45 конкретни проекти во 37 општини.

- Парите ќе се искористат за изградба на селски патишта не подолги од 1 километар, за селски мостови, пристапни патишта до нивите и пристап до земјоделско земјиште, како и за урбанизација на централните делови на селата. Опфатени се сите општини од целата држава, без разлика на составот на населението или на политичката припадност на градоначалникот - истакна Ѓорѓиев.

Со три милиони евра земјоделците ќе бидат поддржани при купување механизација. Ѓорѓиев најави дека од август ќе им бидат исплатени 1 милион евра на 200 корисници, кои веќе ја имаат набавено механизацијата, а дека другите 2 милиона евра ќе им бидат исплатени на преостанатите 334 корисници по реализација на нивните набавки на механизацијата, согласно динамиката и доставувањето на документацијата, а најдоцна до октомври. Kофинансирањето е во висина од 50 проценти од трошоците за набавка на механизацијата, а исплатата се врши преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството со трансфер од Владата. Таа е неповратна помош од Владата.

- Тоа е добра помош, која извонредно значи за нивната работа, за нивната дејност - истакна владиниот портпарол.

Тој информира дека од оваа недела со полн интензитет почнува процес на чистење на каналите за наводнување и одводнување.

- За два месеца ќе бидат исчистени 70 километри канали во Скопскиот, Пелагонискиот и Струмичкиот, Kочанскиот и Полошкиот регион, за што ќе бидат исплатени половина милион евра - рече Ѓорѓиев.

Повици за легализација и огласи за распределба на земјиште

Јавен повик за легализација на земјоделско земјиште во општините Прилеп, Виница, Радовиш и Струмица ќе се објави следната недела, соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и најави дека до крајот на годинavа ќе бидат објавени уште четири вакви повици. Во тек се два, кои се однесуваат на Гевгелија, Делчево и Тетово и Неготино, Kавадарци, Радовиш, Гевгелија, Битола, Струга, Струмица и Делчево.

Процедурата за легализација на земјоделското земјиште оди преку однапред утврдена методологија. За секоја парцела штo треба да се легализира треба да биде подготвен елаборат, кој се поднесува во подрачната единица на Министерството за земјоделство каде се наоѓа парцелата. По увидот на сите парцели Министерството распишува јавен повик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik